Охриѓанката Нина Балабан со нов државен рекорд
Нина Балабан, претставничката на Македонија на Европското Првенство во Москва успеа да запише свој личен и државен рекорд во овој спорт со испукани 408.8 кругови.
Нина Балабан, претставничката на Македонија на Европското Првенство во Москва успеа да запише свој личен и државен рекорд во овој спорт со испукани 408.8 кругови.
Со овој резултат нашата учесничка го освои 32-то место од вкупно 74 учесници. Финалето и побегна за само 3.7 кругови. Во финале влегуваат првите осум пласирани натпреварувачки.
Нина Балабан е член на стрелачкиот клуб „Охрид“ и е апсолутен шампион во овој спорт во нашата земја.
18 годишната Балабан од страна на Интернационален Олимписки комитет (ИОК) е избрана за Амбасадор на младите Олимписки Игри кои ќе се одржат во Нанџинг, Кина оваа година.
{loadposition content9}