Skip to main content

Општина Охрид

Општина Охрид ќе ги избира најдобрите во спортот за 2023

Јавниот конкурс трае до 25.01.2024 година до 14.00 часот. Дополнителни информации во врска со конкурсот, на телефон 046 262 – 492 локал 198 или sport@ohrid.gov.mk.
 |  инфодеск  | 
Општина маркица

Општина Охрид покренува постапка за избор на „Најдобрите од спортот во општина Охрид“ за 2023 година.

Наградите и признанијата за најуспешните спортистки и спортисти, тренер и спортска екипа во Охрид, се доделуваат за постигнати резултати во индивидуален и во клубски спорт во тековната година, на спортистки, спортисти и тренери кои настапуваат за спортски клубови, чиешто седиште е во Охрид.

Предлозите за избор на „Најдобрите од спортот во општина Охрид“ за 2023 година, се за следниве категории:

– Спортист/ка на годината ;

– Спортска надеж (мажи и жени) во индивидуален и колективен спорт ;

– Тренер на годината ;

– Спортска екипа на годината (мажи и жени) ;

– Спортист/ка – странец кој настапува во екипа од Охрид ;

– Спортист/ка – од Охрид кој настапува надвор од територијата на општина Охрид ;

– Спортист/ка во категоријата на лица со посебни потреби и

– Спортска легенда – за посебни заслуги во спортот

Јавниот конкурс трае до 25.01.2024 година до 14.00 часот. Дополнителни информации во врска со конкурсот, на телефон 046 262 – 492 локал 198 или sport@ohrid.gov.mk.

Конкурсот и Правилникот за избор ТУКА.