Осминафиналето на тенискиот турнир во Шангај според очекуваното
Во тенискиот центар Кви Зонг во Шангај беа одиграни осминафиналните мечеви. Првиот носител Рафаел Надал без проблеми го прескокна Томи Робредо, додека вториот носител, Новак Џоковиќ лесно излезе како победник против Раинер Шуетлер.
Надал го победи Томи Робредо со 6-1 и 6-4, резултат кој сигурно најмногу говори за ситуацијата на теренот. Првиот сет без проблеми одите на страната на Надал, а во вториот сет Робрето тргна со 2-0, но Рафа набрзо се врати. Вториот брејк на Надал во вторито сет беше и решавачки, при деветтиот гем кај 4-4, по што приказната беше завршена.
Џоковиќ во првиот сет против Шуетлер зема два брејка. Еден на почетокот, а вториот во седмиот гем за 5-2. Вториот сет беше доста сличен на првиот, два брејка на Џоковиќ, и со тоа Шуетлер во продолжението немаше никакви шанси, за конечни 6-4 и 6-2.
Во четвртфиналето Надал ќе игра против Иван Љубичиќ, додека Новак Џоковиќ за противник ќе го има Французинот Жил Симон. Љубичиќ се пласираше меѓу осумте најдобри по победата над Гаел Монфилс со 6-2 и 3-0 во вториот сет по што французинот го предаде мечот. Жил Симон сеуште е со надеж дека ќе игра во Мастер Купот, а пласман во четвртфинале избори преку Томас Бердих со 6-3 и 6-4.
Резултати, осмина финале, АТП Шангај:
Rafael Nadal (Шпа,1) – Tommy Robredo (Шпа,14) 6-1,6-4
Novak Djokovic (Срб,2) – Rainer Schuettler (Гер) 6-4,6-2
Robin Soderling (Шве,9) – Jo-Wildred Tsonga (Фра,5) 6-3,6-3
Giles Simon (Фра,8) – Tomas Berdych (Чеш) 63 64
Nikolay Davydenko (Рус,6) – Fernando Gonzalez (Чил,10) 63 75
Ivan Ljubicic (Хрв) – Gael Monfils (Фра,11) 6-2,3-0 предаде
Radek Stepanek (Чеш,13) – Stanislas Wawrinka (Шва) 3-6,7-6(5),4-2 предаде
Feliziano Lopez (Шпа) – Jurgen Melzer (Авс) 5-7,7-6(3),6-1