Skip to main content

Успешно трето издание на Меѓународниот турнир „ Колибри 2024“

Во генерација 2014/2015 победник беше екипата на КК Колибри-Охрид.
 |  инфодеск  | 

Заврши третото издание на Меѓународниот турнир „ Колибри 2024“ година.

-На едно место собрани деца од различни култури и средини, среќни и насмеани детски лица и многу позитивна енергија. Благодарност до сите учесници од сите земји, велат од КК Колибри, организаторите на турнирот.

Во генерација 2014/2015 победник беше екипата на КК Колибри-Охрид.  Во генерација 2012/2013 првото место го освоија екипата на МБА Академија од Крагуевац, 2010/2011 победник беше еипата на Црн Дрим од Струга и во категорија – жени 2011/2012 победник Струга 2009 исто така од Струга. 

– Овој турнир се надеваме дека од година во година ќе расте се повеќе и ќе биде препознатлив бренд не само во регионот туку и пошироко. Веќе се потпишани меморандуми за соработка и следната година очекуваме околу 600 учесници во три смени, велат организаторите КК Колибри.

КК Колибри изрази јавна благодарност за соработката на Општина Охрид, ЈП Билјанини Извори, Почесниот Конзул на Р. Србија во Охрид и сите пријатели и поддржувачи.

КК Колибри Охрид, ги продолжува своите активности и од понеделник заминува на Кошаркарски Камп во Чајн , Црна Гoра.