Skip to main content

Општина Охрид

Освојувачот на бронза на Европско јуниорско Таеквон-до првенство Давид Крстески на средба со градоначалникот Пецаков

На средбата, Пецаков, честитајќи го големиот успех, порача дека локалната самоуправа и понатака активно ќе го поддржува клубот „Хваранг ИТФ“ од Лескоец.
 |  инфодеск  | 

Денес градоначалникот Кирил Пецаков оствари средба со Давид Крстески, член на Таеквон-до клубот „Хваранг ИТФ“ од Лескоец, кој на последното Европско јуниорско првенство во Копер, Словенија го освои бронзенииот медал. Крстески се закити со брнозеното одличје во категоријата спаринг борби до 63 килограми.

На средбата, Пецаков, честитајќи го големиот успех, порача дека локалната самоуправа и понатака активно ќе го помага клубот, овозможувајќи оптимални услови за работа на младите спортисти.