Да потсетиме дека минатата седмица во седиштето на ФИФА во Цирих изби нов скандал при кој беа уапсени седум високи функционери на Светската фудбалска федерација. Во прашање е мито, корупција, со еден збор криминал, а оваа приказна добива продолжение.
Новинар на Press Association, Martyn Ziegler, објави фотографија на писмо на која јасно се гледа дека главниот секретар на ФИФА, Jerome Valcke бил тој кој одобрил уплата од 10 милиони долари од страна на фудбалскиот сојуз на Јужноафриканската Република, на сметка на тогашниот претседател на CONCACAF Jack Warner (за да го даде гласот за Јужна Африка). Тоа се случило во 2008 година, две и половина години пред почетокот на Светското првенство во ЈАР.
Интересно е тоа што ФИФА вината за ова ја префрли на Julijо Grondon, виш потпретседател на ФИФА и долгогодишен претседател на финансискиот одбор, но уште поинтересно е тоа што Grondona почина во мај минатата година, што значи дека ФИФА вината ја префрли на мртовец, за да се извчлече Valcke.
Но, на фотографијата на писмото кое е објавено јасно се гледа дека писмото е адресирано на Jarome Valcke, кој требал да ја одобрил уплатата.