Skip to main content

Отворен музејот на Енцо Ферари

Oтворен целосно нов музеј посветен на животот на Енцо Ферари во неговиот роден град Модена.

 |   | 
Enzo Ferari
Енцо Ферари

Италијанецот кој што е роден на 18-ти февруари, 1898 година, во 20-тите години на минатиот век ја основа својата компанија, сега веќе етаблиран светски бренд – Ferrari. Тоа е единствениот тим во Формула 1, кој што учествувал на сите трки од основањето на овој шампионат во 1950 година.

muzej ferariОвој музеј ќе го носи името “Museo Casa Enzo Ferrari” (Куќата Музеј на Енцо Ферари) и во него јавноста ќе може да погледне детали од животот на Енцо низ фотографии, филмови, лични предмети и документи. Во овој комплекс од 6000 метри квадратни исто така се сместени голем број од креациите на Ферари.

Во текот на својот живот, Енцо Ферари го водеше својот тим до освојувањето на осум конструкторски и девет возачки шампионски титули во Формула 1.
Тој почина во Маранело, на 14-ти август, 1988 година и остана запамтен како еден од најзначајните личности во историјата на Формула 1.

{loadposition content9}