Skip to main content

Пагански почеток на Светското во фудбал

Според афричките адети, мора да се заколе некој ѕвер, обично тоа е крава, и со нејзиното жртвување се бара помош и благослов од нивните предци.

 |  Крсте Голабовски  | 
logo
лого
Според афричките адети, мора да се заколе некој ѕвер, обично тоа е крава, и со нејзиното жртвување се бара помош и благослов од нивните предци.

stadionПоглавари на неколку јужноафрички племиња се решени да го осветат големиот мундијал на вистински афрички начин, поточно да истурат крв од жртва на новоизградените стадиони, а со тоа да се посака среќна, успешна и бериќетна организација на Светското првенство во фудбал, кое ќе се оддржи во јуни идната година.
Според афричките адети, мора да се заколе некој ѕвер, обично тоа е крава, и со нејзиното жртвување се бара помош и благослов од нивните предци за да се организира што поуспешно и по бериќетно настанот.
Но според официјалните бројки кои се очекууваат, најверојатно нема да има потреба од никакво колење, бидејќи и без адетите се очекува во Јужна Африка да дојдат над 500 илјади странски туристи кои ќе ги следат натпреварите од најгледаното светско натпреварување.
Официјалните лица на Мундијалот се уште немаат дадено коментар на желбата на афричките поглавари.







{loadposition content9}