Јун 4, 2011
Последен натпревар пред Европското екипно атлетско првенство во Исланд
Финалето од атлетскиот сениорски куп на Македонија конечно се одржа. По вчерашните проблеми со временските услови, денес учесниците можеа да ги покажат своите можности. Резултатите постигнати на овој куп на натпреварувачите им носат бодови за претстојното Европско екипно атлетско првенство кое се одржува во Исланд.
Јун 1, 2011
Европско кошаркарско првенство во „Атина Бојаџи“
Спортско рекреативниот центар „Билјанини извори“ пред нов предизвик. Овој пат тие ќе бидат домаќини на Европското првенство во кошарка во женска конкуренција до 20 години. 11 земји учеснички ќе ги бранат своите државни бои во нашата сала надевајќи се на добар пласман. Претставниците од Кошаркарската федерација на Македонија се надеваат на уште едно успешно првенство.
Мај 31, 2011
Државен рекорд на oхридско тло
Македонија има таленти за врвни дострели. Овој пат место за врвни успеси беше атлетската патека на стадионот „Билјанини извори“-. На петочниот натпревар во атлетика беше поставен државен рекорд на 300 метри. Рекордот го постави Кристиан Ефремов од Атлетскиот клуб „Перпетуум мобиле“ од Скопје.
Мај 30, 2011
Јованоски Јован – Државен Првак за 2011 во дисциплината ридско искачување
Напорен велосипедски викенд во Скопје, но во секој случај успешен за охридѓани. На два велосипедски натпревари, две златни медали за Екодром.
Мај 30, 2011
Охрид доби прволигаш
По една долга и напорна сезона Охрид го прекина постот и на 90-годишнината од своето формирање по втор пат ќе игра во најсилната конкуренција.
Мај 27, 2011
Охридскиот тартан домаќин на државното атлетско првенство
Поединечно државно атлетско првенство и натпреварување вон конкуренција. Охридскиот тартан беше домаќин на овој спортски настан на кој учествуваа осумдесетина натпреварувачи од десетина атлетски клуба од Македонија. На патеката активно се спремаа и атлетичарите кои бараа место во Македонската атлетска репрезентација за Европското екипно првенство во Рејкјавик-Исланд.
Мај 25, 2011
Вувузелата шири болештини
По објавувањето на извештај за можната опасност од ширење на болести преку африканскиот навивачки реквизит, организацијата на Олимпијадата Лондон 2012-та планира да ја забрани вувузелата на терените.
Мај 18, 2011
Лео Меси не е најдобриот, но Барса.
Легендарниот Пеле уште еднаш изрази сомнеж за квалитетите на Лео Меси и повтори дека смета дека ѕвездата на Барселона не е ни близу до титулата најдобар играч во историјата.