Новиот рекорд на „Рони ракетата“
Актуелниот светски шампион во снукер, Рони О’Саливен петти пат во својата кариера го освои мастер турнирот на најдобрите 16 играчи во Лондон, совладувајќи го минатогодишниот шампион Марк селби со 10-4.
Македонскиот ракометен репрезентативец Борко Ристoвски, вистински „Министер за одбрана“
„Министерот за одбрана“, Борко Ристовски имаше извонредна вечер против австриската селекција, одбранувајќи 19 од 38 шутеви кон неговиот гол (50 проценти), со што беше најзаслужен за триумфот од 22:21, по кој Македонија се пласира во следната фаза.
Македонските ракометари вечерва против репрезентацијата на Австрија
Ракометната репрезентација на Македонија, вeчерва, против Австрија ќе го одигра натпреварот од третото коло, во Б групата на Европското првенство.
„Australian open“ мака мачи со горештините
Екстремно високите температури кои достигнуваат преку 40 степени им создаваат многу проблеми на сите учесници во Грен слемот „Австралија Опен“.
„Златната топка“ повторно во рацете на Роналдо
Кристијано Роналдо, по втор пат ја освои престижната „Златна топка“, која ФИФА му ја доделува на најдобриот играч во светот.
Голманот Ландин, најголемата пречка за македонските ракометари
Данскиот голман Никлас Ландин беше првата најголема пречка синоќа за македонската ракометна репрезентација на отварањето на Европското првенство, откако со 17 одбрани, чуварот на мрежата практично сам ја победи нашата селекција.
Покрај тероризмот и временските услови закана за ОИ во Сочи
Руските метереолози не се загрижени дека ќе им недостига снег за време на Зимските Олимписки игри кои ќе се одржат во февруари во Сочи.
Поранешниот Ф1 првак, Михаел Шумахер се бори за живот
Михаел Шумахер се бори за својот живот по инцидентот на скијачката патека во Мерибел во близина на Гренобл, кога при пад со глава удрил во камен по што е опериран а неговата здраствена состојба е критична.