Фев 14, 2012
Искра надеж за ракометот во Охрид
По заживувањето на ракометниот клуб Охрид 2011, нова искра надеж за овој спорт во нашиот град. Токму на нивна иницијатива, од Декември минатата година започна да функционира и младинската школа за ракомет. Осумдесетината досега зачленети деца, едноставно воодушевени од ракометот. Охридскиот ракомет има иднина.
Фев 9, 2012
Избрани најдобрите спортисти од Охрид за 2011 год
Сојузот на спортови ги обелодени и им врачи признанија на најуспешните 10 спортисти од Охрид за 2011 година. За најдобар спортист за изминатата година беше избран стрелецот Михаил Шишкоски.
Фев 6, 2012
„Украдената“ маичка на Ноле купена за 5.500 долари
Маичката на светскиот тенисер број еден Новак Ѓоковиќ, која по завршувањето на финалниот дуел на Австралија Опен и беше буквално откраднат од пред рака на 14-годишната Мелиса Кук повторно заврши во нејзините раце откако на една аукција мајката на Мелиса се одлучи да ја откупи за 5.500 долари од омразената Џоел Ротшилд која ја грабна пред тинејџерката.
Фев 6, 2012
Блекбурн потпиша договор со осумгодишно девојче
Англискиот премиерлигаш Блекбурн потпиша договор со осумгодишното девојче Лили Лоусон, кое на 14 натпревари постигна дури 70 голови. Ова и не би била толку интересна приказна доколку малечката Лили не тренира со машкиот тим на Блекбурн на нејзина возраст.
Фев 3, 2012
И ватерполистите на квалификации за ЛОИ во Лондон
Македонската ватерполо репрезентација потврди дека ќе учествува на квалификацискиот турнир во Едмонтон, Канада, за место на Олимписките игри, откако доби покана по откажувањето на селекцијата на Нов Зеланд.
Фев 2, 2012
Црн ден за фудбалот
Претседателот на Египетската фудбалска федерација Самер Захер го суспендираше државниот шампионат по крвавите немири по завршувањето на мечот меѓу Ал Ахли и Ал Масри, во кои животот го загубија над 74 навивачи, a околу 1000 се повредени.
Фев 1, 2012
Кој се шегува на сметка на нашиот Пандев?
Пандев во Барселона за 83 милиони фунти! На последниот ден од преодниот рок Англичаните решија да се пошегуваат на сметка на актуелниот европски шампион Барселона, но и на нашиот репрезентативец Горан Пандев.
Јан 31, 2012
80.000 кучиња убиени во Украина во пресрет на ЕУРО 2012
Украина попушти пред притисокот од западните групи за заштита на животните и прогласи крај на убивањето кучиња-скитници со цел да се исчистат улиците пред претстојното европско првенство во фудбал.