Skip to main content
Јул 28, 2011

На плоштадот „Гоце Делчев“ во Струмица, синоќа официјално беше прогласено за отворено Европското првенство во кошарка за кадети во Б дивизија.


Јул 27, 2011

Од 31 јули до 2.август во водите на Охридското Езеро ќе се одржи 43. традиционална Меѓународна Илинденска едриличарска регата.


Јул 27, 2011

Нашите најдобри кошаркари го освоија второто место на турнирот „Примус“ кој се одржа во словенечкиот град Птуј.


Јул 27, 2011

Серхио Батиста не е повеќе селектор на Аргентина, соопшти фудбалската федерација на оваа држава.


Јул 25, 2011

Седма година по ред како опстојува школата за едрење. Од година во година интересот кај децата се поголем за изучување на тајните на едрењето.Годинава дел од оваа школа се деца не само од Охрид, туку и од Скопје, но и од Торонто – Канада, но и од Италија. Новите едриличари со задоволство раскажуваат да нивните први искуства со едриличарите.

„Како и секоја година идните едриличари најпрво ги запознаваме со теротскиот дел, поточно со основните делови за едрилиците, ветровите, за потоа и практично да започнат да едрат. Најпрво влегуваат во едрилица со поискусните, откако ќе видиме дека се подготвени им дозволуваме сами да едрат, а ние ги пратиме со две кајчиња“, вели претседател на ЕК Бофор, Стефан Ставрев.

„Безбедноста ни е на прво место, децата се задоволни лесно им е и се е за нив нешто ново. Секојдневно имаме нови и нови деца. Теоријата ја спојуваме со праксата мора во секој случај да ги научат основните делови на едрилицата што е едрилица кои се нејзини делови кој дел за што служи за да може практичното да биде поефикасно“, вели Ставрев.

Од Бофор позитивно изненадени од интресот на децата за Школата за едрење. Тие појаснуваат дека по илинденската регата ќе има нови уписи. Додаваат дека сите заинтресирани веќе од 4 август ќе може да бидат дел од големото семејство едриличари кои од регионалните натпревари секогаш се враќаат со награди.


Јул 18, 2011

Навивачките на Парагвај предводени од Лариса Рикелме продолжуваат да ги воодушевуваат љубителите на фудбалот, па и оние кои не се заинтересирани баш за фудбал.


Јул 15, 2011

Македонските едриличари, задовлни од првиот настап на Европското првенство во едрење.


Јул 8, 2011

Охрид домаќин на најдобрите европски кошаркарки во јуниорска конкуренција.