Апр 22, 2011
Вис Пој конечно до трофејот на Велигденскиот турнир во мал фудбал
Познат конечниот исход од големиот Велигденски турнир во мал фудбал 2011. Освојувачот на трофејот беше одлучен во натпреварот помеѓу екипите на Бекче и Вис Пој кој се одигра вчера во салата „Билјанини извори“. Ова е трето финале на екипата на Вис Пој која годинава прв пат се радува на успех во завршниот натпревар.
Апр 21, 2011
Охрид конечно доби вештачка карпа
Вештачката карпа денес беше пуштена во употреба во помошната мала сала на Спортско Рекреативниот Центар „Атина Бојаџи“.
Апр 16, 2011
Мешани боречки вештини-презентирани од врвен хрватски борец
Мешаните боречки вештини поблиску до нас ги носи Зелг Галешиќ, хрватскиот ММА борец кој од 15ти до 17ти Април во малата сала во „Билјанини извори“ ќе одржи неколку тренинг сесии со заинтересираните за овој спорт. Галешиќ овие тренинзи ги спроведува заедно со охридскиот фајт клуб „МАСТЕР“
Апр 16, 2011
Осминафинални средби од Велигденскиот турнир во мал фудбал
Големиот Велигденски турнир во мал фудбал се наоѓа во својата завршна фаза. Вчеравечер започнаа осминафиналните пресметки помеѓу преостанатите екипи. Во оваа фаза се најде и екипата на Ремис која е дел и од организацијата на самиот турнир. Тие се задоволни од досегашниот тек на натпреварите.
Апр 15, 2011
Периодот на подоготвки заврши
Пред струшките едриличари доаѓа времето на натпреварите.
Апр 8, 2011
Крај на симулирање во фудбалот
Британската компанија Smallfry патентира штитник за фудбалери (или популарниот костобран) опремен со сензори кој ќе ги намали шансите на фудбалерите за симулирање фаули.
Апр 2, 2011
Охрид добива младинска кошаркарска лига
Почнувајќи од денес, младите таленти на охридската кошарка ќе добијат можност да покажат што знаат пред јавноста. Првиот натпревар го одиграа најмалите кошаркари како увертира во лигашките пресметки. Организатор на оваа лига е Кошаркарскиот клуб, Глобал од Охрид.
Апр 2, 2011
90 години од првата фудбалска топка во Охрид
На денешната „Средба на генерациите“, Охрид одбележа 90 години од првиот фудбалски клуб и првата фудбалска топка во нашиот град. На овој настан присуствуваа околу 50тина имиња кои најмногу придонеле за охридскиот фудбал. Ова е прво случување од ваков вид во изминативе 90 години.