Одземени медалите на белорусите
На белоруските фрлачи на кладиво им се одземени двата медали од ОИ од Пекинг поради позитивните допинг тестови, соопштено е од страна на МОК.
УЕФА го казни Динамо со 200.000 евра
Дисциплинската комисија на УЕФА на седницата во Нион го казни хрватскиот фудбалски клуб Динамо со 200.000 евра поради дивеењето на навивачите на овој клуб на натпреварот во Удине, Италија.
Македонија го заврши Европското првенство на седмо место
Македонската женска ракометна репрезентација синоќа ја совлада Белорусија со 29:24 со што го избори најголемиот успех досега на Европските првенства, 7-то место.
Македонските ракометарки совладани од швеѓанките
Репрезентацијата на Македонија загуби од Шведска со 24:23 во натпреварот што вечерва се одигра во салата „Борис Трајковски“ во Скопје, во рамки на Европското првенство во ракомет за жени.
Себастијан Леб сака во Ф1
Петкратниот WRC шампион, Себастијан Леб призна дека сериозно размислува за преминување во Формула 1 во 2010 година.
Хамилтон засекогаш во Мекларен
Шампионот на најбрзиот циркус на светот, Луис Хамилтон вели дека толку е врзан за мекларен дека никогаш нема да го напушти британскиот тим.
Нови анализи од примероците од Олимписките игри во Пекинг
Меѓународниот олимписки комитет објави дека во јануари следната година со помош на нова технологија повторно ќе бидат тестирани допинг примероците земени за време на Олимписките игри во Пекинг.
Шпанија со големо изненадување
Репрезентативките на Шпанија приредија големо изненадување во првото коло од втората рунда на средбите коишто се играат во групата М1 во Охрид откако успеаја да го совладаат составот на Романија со 26:18.