Панчев и Најдоски ја напуштија Црвена ѕвезда
На ден пред најголемото фудбалско дерби на српскиот фудбал, дуелот помеѓу Црвена ѕвезда и Партизан, легендите на „црвено-белите“, Дарко Панчев и Илија Најдоски, одлучиле да го напуштат Собранието на клубот, пренесува весникот „Вечерње новости“.
| Маја Савиќ | Спорт
Панчев
На ден пред најголемото фудбалско дерби на српскиот фудбал, дуелот помеѓу Црвена ѕвезда и Партизан, легендите на „црвено-белите“, Дарко Панчев и Илија Најдоски, одлучиле да го напуштат Собранието на клубот, пренесува весникот „Вечерње новости“.
Истиот извор наведува дека, Панчев и Најдоски поради деловните обврски во Македонија, не биле повеќе во можност редовно да присуствуваат на состаноците на ова тело, и поради тоа се решиле да поднесат оставки.
Во советот на клубот на вечерашната седница ќе бидат инволвирани претставници на генералниот спонзор „Газпром“, а ќе бидат усвоени и одредени измени на статутот кои се однесуваат на избор на претседател.
{loadposition content9}