Горан Пандев стана херој на Интер, откако во 88-та минута го постигна победничкиот гол во реваншот со Баерн Минхен и во драматичен финиш им донесе пласирман на Италијанците во четвртфиналето во Лигата на Шампионите.
“Фудбалот е чудна работа. Верував цело време дека можеме да дојдеме до потребниот резултат на овој натпревар. Голот постигнат на оваа средба е најважниот во мојата кариера. Поважен дури и од постигнатиот погодок во финалето на светското клупско првенство” изјави Пандев. Пофалби за нашиот најдобар фудбалер имаше и од тренерот на Интер Леонардо, кој прокоментира: “Голот на Пандев беше одличен. Овој гол влегува во историјата.”
Со победата од 3:2 на гостувањето во Минхен, актуелниот европски шампион, Интер успеа да се пласира во четврт-финалето од Лигата на шампионите.
{loadposition content9}