Skip to main content

Пеце -„Карате кид“ сетски првак на 12 години

Mакедонија, а воедно и Охрид можат да се гордеат со  единствениот светски шампион, првак во јуниорска карате категорија во кати и борби. Со своите 12 год. Пеце Наумоски е единствениот македонец, носител на светска титула.

Македонија, а воедно и Охрид можат да се гордеат со  единствениот светски шампион, првак во јуниорска карате категорија во кати и борби. Со своите 12 год. Пеце Наумоски е единствениот македонец, носител на светска титула.

Pece NaumoskiТренира карате од својата осма година и за период од четири год. успеа да го стави светот под нозе. На првенството кое се одржа 2006та во Австралија, тој ја освои првата награда за областа Викторија и со самото тоа се квалификува за светското во Бирмингем, Англија во 2007та год. Токму таму, Пеце ја освои светската титула во силна конкуренција од 65 натпреварувачи, на возраст од 10 до 12 год

.„Успесите кои ги правам не ми паѓаат од небо“, вели Пеце.

„Тренирам напорно 7 дена во неделата, по 2 часа секој ден. Привилегиран сум да го имам најдобриот тренер во Австралија, мајсторот Џејсон Најт. Сега ми претстои Европското првенство во Германија, и дополнително сум мотивиран“, вели тој.

Од своето раѓање, пеце не бил овде во Македонија. Ова е наговиот прв престој во Охрид, од каде и потекнува и тој е воодушевен. Гордо зборува за претстоечките средби со Претседателот Иванов, со Премиерот, агенцијата за млади и спорт и средбата со Владиката ГГ Стефан, за кои вели дека му направиле преголема чест што се сетиле да го поканат.

„Сега веќе, со своето искуство имам право да тренирам деца помали од мене и тоа и го правам“, вели Пеце.

„Во иднина, кога ќе пораснам, би сакал да имам свој карате клуб, каде ќе можам сето мое искуство да го пренесам понатаму“, весело и детски раскажува тој.

{loadposition content9}