Skip to main content

Куп на Македонија

Пелистер против Силекс, Струга со Македонија ЃП

Македонија Ѓорче Петров за ривал ја доби Струга, а натпреварот се игра крај Охридското Езеро. Бранителот на трофејот и актуелен второлигаш Силекс ќе ги одмери силите со последнопласираниот тим во Првата лига, Пелистер и тоа во Битола.
 |  инфодеск  | 
Куп на Македонија

Пелистер – Силекс и Струга Трим и Лум – Македонија Ѓорче Петров се паровите во полуфиналето на Националниот фудбалски куп на Македонија. Ова го одлучи денешната ждрепка која се одржа во просториите на Фудбалската федерација на Македонија.

Во полуфиналето ќе се одигра еден натпревар, а мечевите се закажани за 20. април во 16 часот. Финалето кое ќе се игра на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје е закажано за 20. мај.