Перо Антиќ ќе настапи на „All – Star“ викендот
Македонскиот кошаркар Перо Антиќ, продолжи да ниже успеси во НБА лига, откако беше избран да учествува на претстојниот Ол – Стар викенд, што ќе се одржи од 14 до 16 февруари во Њу Орлеанс.
Македонскиот кошаркар Перо Антиќ, продолжи да ниже успеси во НБА лига, откако беше избран да учествува на претстојниот Ол – Стар викенд, што ќе се одржи од 14 до 16 февруари во Њу Орлеанс.
Одличните настапи на нашиот ас беа наградени од страна на тренерите во НБА-тимовите, кои ги избираат учесниците на „Рајзинг старс челинџ“, дуелот меѓу дебитантите во НБА-лигата и оние играчи на кои ова им е втора сезона во најсилниот кошаркарски шампионат во светот.
Задоволството од можноста да настапи на мечот на ѕвездите не го криеше ниту самиот Антиш. Тој на својот профил на Твитер напиша дека му е чест што ќе може да ја претставува Атланта и Македонија на овој спектакл во НБА лига.
„Горд сум што ќе ги претставувам градот Атланта и мојата татковина Македонија во Њу Орлеанс. Би сакал да им се заблагодарам на моите соиграчи, стручниот штаб и на организацискиот тим на Атланта хоукс“, напиша Перо Антиќ на „Твитер“.
{loadposition content9}