Skip to main content

Пет меча суспензија за Мурињо

Дисциплинската комисија на УЕФА на денешното заседавање одлучи да го суспендира тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо на пет натпревари заради неговите изјави по првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампиони против Барселона. Кралскиот клуб ќе се жали.

 |   | 
Murinjo
Мурињо

Португалскиот стратег веќе “одлежа” еден натпревар од суспензијата, бидејќи го пропушти реваншот мечот на Ноу Камп, откако беше исклучен на првиот дуел.
Мурињо ја заработи казната заради коментарите дека е невозможно да се победи Барселона, заради помошта која ја има од УЕФА.

Тој го критикуваше и судењето на Германецот Волфганг Штарк, а се осврна и на претходните спорни одлуки од натпреварите на екипите кои тој ги предводеше (Челси и Интер), алудирајќи на контроверзниот арбитар од Норвешка, Овребо во полуфиналето во 2009 година меѓу Челси и Барселона.

Стручњакот на кралскиот клуб е казнет заради прекршување на правилата за однесување, а се очекува Реал да вложи жалба на оваа одлука пред Дисциплинската комисија на УЕФА, а потоа и пред Меѓународниот арбитражен спортски суд во Лозана.

{loadposition content9}