На списокот на ракометари од генерација 2008/2009 кои се повикани за македонската репрезентација се најдоа 5 гладијатори:
-Христијан Пупунцоски (лево крило)
-Матео Силјаноски (лев бек)
-Петар Николоски (среден бек)
-Стефан Матески (пикер)
-Бојан Крстевски (голман)
„ГРК Охрид им посакува среќа за да бидат прв избор на своите позиции, а овој избор да биде поттик за сите наши ракометари во сите категории да продолжат да спортуваат и да се развиваат! Големо браво за трудот и работата на нашите тренери! Охрид им е благодарен! “ – напишаа од ГРК Охрид на Фејсбук
Собирот ќе се одржи на 28.05.2023 (недела) со почеток во 10:00 часот во спортската сала Автокоманда во Скопје.