Skip to main content

Ракомет

По голема битка Пролет го победи Охрид

Александар Василевски со девет гола беше предводникот на Пролет, додека Гал Цицар со седум беше најефикасен кај Охрид.
 |  инфодеск  | 
Грк Охрид

Ракометарите на Пролет со гол на капитенот Ласко Андоновски во последните моменти дојдоа до прва победа во ракометната Суперлига, откако тесно го победи Охрид со 27-26 во денешната пресметка од петтото коло.

Иако мечот почна со негатива за Пролет, па охриѓани дојдоа и до плус четири (6-10), Пролет направи фантастична серија од 8-3 за да замине со гол предност на полувреме, како најава за многу возбудливо второ полувреме во кое се играше егал во заврпните 15 минути од мечот. До тогаш, Пролет држеше дистанца од најмногу три гола, но Охрид успеа да израмни на 21-21 во 45-та минута и од тука почна драмата.

Гол за гол се играше сѐ до самиот финиш, а при 26-26, Охрид имаше напад кој не го искористи, па Андоновски во последните 20 секунди даде гол за триумф.

Александар Василевски со девет гола беше предводникот на Пролет, додека Гал Цицар со седум беше најефикасен кај Охрид.