Skip to main content

Победил на маратон на кој не се пријавил

Скот Даунард е најголемиот лузер во светот, бидејќи убедливо победи на маратонот во Форт Ворт, Тексас, но не го доби трофејот поради банална причина.

 |   | 
maratonec
маратонец

maratonecСкот Даунард е најголемиот лузер во светот, бидејќи убедливо победи на маратонот во Форт Ворт, Тексас, но не го доби трофејот поради банална причина.
Атлетичарот најбрзо ја истрча 42-километарската делница со време од 2 часа и 32 минути, но откако триумфално мина низ целта, организаторите му соопштија дека е дисквалификуван. На 25-годишниот маратонец веднаш му станало јасно зошто нема да се искачи на највисокото скалило на победничкиот пиедестал. Тој заборавил да се регистрира за маратонот, односно натпреварувачкиот број го земал од болен другар.
Така, првото место го освоил Колин Стајлс, кој доцнел дури шест минути зад Даунард. На маратонот учествувале 9.000 атлетичари, а засрамениот Даунард најавил дека следната година уредно ќе се пријави за да може да биде и легитимен победник.