Ин мемориам

Почина италијанската фудбалска легенда Џанлука Вијали

Вијали во 2017 откри дека има рак на панкреас и иако три години подоцна кажа дека целосно се излекувал, болеста повторно му се врати во 2021.
 |  инфодеск  | 
Џанлука Вијали

Поранешниот италијански фудбалски репрезентативец Џанлука Вијали почина на 58 годишна возраст. Вијали во 2017 откри дека има рак на панкреас и иако три години подоцна кажа дека целосно се излекувал, болеста повторно му се врати во 2021.

Во декември се повлече од стручниот штаб на репрезентацијата на Италија со цел да се фокусира на лекувањето.

Џанлука беше прекрасна личност и остава празнина што не може да се пополни. До крај се надевавме дека ќе изведе уште едно чудо. За утеха, сигурни сме дека никогаш нема да се заборави она што го направил за италијанскиот фудбал и синиот дрес – соопшти Италијанската фудбалска федерација.

Вијали одигра 59 меча и постигна 16 гола во дресот на Италија, со која беше трет на Светското првенство во 1990.

Се прослави играјќи за Сампдорија, која, заедно со Роберто Манчини, ја предводеше до единствената титула во Серија А (1991), а потоа и до финалето на Купот на европските шампиони. Во 1992 се пресели во Јувентус, со кој стана европски првак во 1996, по што одигра уште три сезони во Челзи. Во лондонскиот клуб ја почна и тренерската кариера, освојувајќи пет трофеи за краток период, а од 2019 беше дел од стручниот штаб на „аѕурите“.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© 2008 - Сите права задржани. Поддржано од ТВМ ТелевизијА.
Back to Top