Кристијано Роналдо и Џорџина Родригез, популарниот пар кој очекуваше близначиња, изгуби едно од новородените бебиња.
Со најдлабока тага мораме да соопштиме дека почина нашето машко бебе. Тоа е најголемата болка која може родителите да ја почувствуваат. Единствено раѓањето на нашето женско бебе ни дава сила да го преживееме овој момент со некаква надеж и среќа – се вели во нивната објава.
„Сакаме да им се заблагодариме на докторите и медицинските сестри за сета нивна експертска грижа и поддршка. Сите сме скршени од оваа загуба и љубезно замолуваме за приватност во овој тежок период. Наше момче, ти си наш ангел. Секогаш ќе те сакаме.“ – додаваат во објавата.
37-годишниот фудбалер и 28-годишниот модел веќе се родители на четири деца, од кои само Алана Мартина е нивно заедничко дете. Близначињата Ева и Матео се родени со помош на сурогат-мајка, додека идентитетот на мајката на Кристијано Џуниор никогаш не беше откриен.