Почна да гори олимпискиот оган за Сочи 2014
Олимпискиот оган беше запален денес во Античка Олимпија во Грција, по што факелот го започна долгото патување до Сочи каде на 7. февруари ќе бидат отворени зимските Олимписки игри.
Олимпискиот оган беше запален денес во Античка Олимпија во Грција, по што факелот го започна долгото патување до Сочи каде на 7. февруари ќе бидат отворени зимските Олимписки игри.
Актери во костими од Античка Грција учествуваа во специјалната церемонија на палење на огнот, кој за прв пат во историјата ќе биде пренесен и во вселената.
Гости на настанот беа новиот претседател на Меѓународниот олимписки комитет Томас Бах, како и шефот на организацијата на Игрите во Сочи Дмитриј Чернишенко. Првиот носител на огнот беше 18-годишниот грчки скијач Јоанис Антониу. Тој го предаде факелот на 28-годишниот руски хокеар Александар Овечкин.
{loadposition content9}