Skip to main content

Подготвени за дуелот со Ирска

Македонската фудбалска репрезентација денес во полн состав, ги одржа тренинзите, пред дуелот со репрезентацијата на Република Ирска.

 |  Крсте Голабовски  | 
Pandev
Пандев

Македонската фудбалска репрезентација денес во полн состав, ги одржа тренинзите, пред дуелот со репрезентацијата на Република Ирска.

presСелекторот на националниот тим, Мирсад Јонуз за средбата во Даблин, најавува формација со тројца напаѓачи, но и одбрана која ќе одговори на дефанзивните задачи. репрезентативците оптимисти.

„Со малку среќа, која во претходните натпревари од квалификациите не одбегнуваше, мислам дека на крај ќе се радуваме“, вели селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Мирсад Јонуз. Моментално нашите најдобри фудбалери ги користат идеалните услови во Охрид и ги привршуваат подоготовките пред саботниот дуел со репрезентацијата на Ирска во Даблин.

Јонуз потенцира дека во сабота за противник, ќе имаат репрезентација, која негува фудбал, сличен на англискиот. Најопасна нивна карактеристика е што се флексибилни во текот на играта. Капитенот на македонските момчиња, Горан Пандев, се надева на добар резултат.

Инаку во одбраната ирците играат систем 4-4-2, додека во нападот, се отвараат во страничните позиции, па така страничните играчи се трансформираат во шпиц, а системот станува 4-2-4, вели селеторот Јонуз. И репрезентативецот Горан Попов се надева на добар резултат.

Селекторот Јонуз се надева на добар резултат. Ни треба да ја чуваме топката, да реализираме добра трансформација како и дуел игра, а секој од играчите кој ќе добие офанзивна или дефанзивна задача ќе треба да ги исполни до крај. Треба да се напомене дека ирците не отстапуваат од играта до крај, а голoви постигнуваат од 60-70’.

{loadposition content9}