Skip to main content

Поради два костими без рекорд

Швеѓанката Тереса Алшамар во пливачкиот митинг во Сиднеј го урна светскиот рекорд на 50 метри пеперутка, но официјално истиот нема да биде признаен затоа што пливачката со себе имала облечено два костими за пливање.

 |  Крсте Голабовски  | 
Тeresa Alshamar
Тереса Алшамар
Швеѓанката Тереса Алшамар во пливачкиот митинг во Сиднеј го урна светскиот рекорд на 50 метри пеперутка, но официјално истиот нема да биде признаен затоа што пливачката со себе имала облечено два костими за пливање.

Teresa AlshamarАлшамар далечината ја помина со време од 25,44 секунди и за 2 стотинки беше подобра од сопствениот светски рекорд постигнат пред една година. Според најновите правила на ФИНА не постар од една недела пливачот не смее да носи повеќе од еден пар костими и под нив не смее да носи ништо друго.

Според овие правила Алшамар е дисквалификувана и нејзината жалба најверојатна ќе се одбие. Швеѓанката во последно време нема многу среќа со пливачките костими. Во Олимписките игри во Пекинг 2008 на истата пливачка во полуфиналната трка во 50 метри слободен стил и се искина костимот и остана без трофеј а сега остана и без светски рекорд.

 

 

 

{loadposition content9}