Skip to main content

Повторно мадридско финале во Лигата на шампиони

Реал го елиминира Манчестер Сити со мајсторија на Герет Бејл

 |  инфодеск  | 

Вториот финалист на Лигата на шампиони е Реал Мадрид кој со 1-0 во реваншот го победи Манчестер Сити. Кралскиот клуб на 28 мај во Милано ќе игра против градскиот ривал Атлетико кој го елиминира пак Баерн од Минхен.

Кралскиот клуб заслужено дојде до финалето бидејќи во текот на сите 90 минути доминираше против анемичниот Манчестер Сити, кој може да биде задоволен што од Бернабеу замина само со еден примен гол. Шпанскиот состав, особено во вториот дел, пропушти неколку фантастични прилики и би било сосем незаслужено ако англискиот тим во завршницата постигнеше гол и продолжеше понатаму.

Реал успеа да го избори своето 14 финале во Лигата на шампиони, а против Атлетико ќе го бара својот 11 трофеј, додека англичаните ја пропуштија приликата за својот премиерен настап во едно финале. Пласманот во полуфиналето на Граѓаните е најголемиот успех на овој клуб во ова натпреварување.

Мадриѓаните во возвратната средба мораа да играат без Бензема и Каземиро, но сепак заигра Кристијано Роналдо откако пропушти три меча поради повреда.

Во секој случај во Милано на 28 мај се очекува  спектакуларно финале во Лигата на шампиони на градските ривали Реал и Атлетико.