Skip to main content

„Премиер“ викенд

Манчестер Јунајтед им се оддалечи на екипите кои го следат на табелата во Премиер лигата и е на добар пат да освои уште една титула.

 |  Крсте Голабовски  | 
logo
лого
Манчестер Јунајтед им се оддалечи на екипите кои го следат на табелата во Премиер лигата и е на добар пат да освои уште една титула. Овој викенд на „Олд Трафорд” пристигнува Блекбурн кој е во зоната на испаѓање и кој бодовите за спас ќе мора да ги бара на некое друго место.
Ливерпул е домаќин на Манчестер Сити и судејќи според скорот на „граѓаните” на гости „црвените” се големи фаворити без оглед на фактот што пред својата публика оваа сезона не ги прикажуваат очекуваните партии.

znaminjaДербито на колото сепак е дуелот меѓу Астон Вила и Челзи. И додека тимот од Бирмингем може да биде презадоволен од досега стореното, гостите од Лондон немаат баш премногу причини за славење, но победа на „Вила Парк” би можела значително да им го поправи расположението и самодовербата.
Од останатите дуели во ова коло вредат да се издвојат гостувањето на Евертон на „Сент Џејмс Парк”, потоа дуелот на Арсенал со Сандерленд, кој директно ќе биде емитуван во 16:00 часот во сабота. Интересно за овој дуел е тоа што тренерот на Арсенал, Венгер најави дека Аршавин ќе дебитира за тимот од Северен Лондон.

 

{loadposition content9}