Премиерлигашите во полуфиналето на ФА купот
Четири премиерлигашки екипи ќе играат во полуфиналето на ФА купот на Вембли на 10. и на 11 април.
| Maja Савиќ | Спорт
ФА куп
Четири премиерлигашки екипи ќе играат во полуфиналето на ФА купот на Вембли на 10. и на 11 април.
Бранителот на трофејот Челзи рутински со 2:0 го совлада Стоук, додека изненадувањето во ова натпреварување, тимот на Ридинг вчера беше на чекор на уште една победа откако со головите на Лунг водеше со 2:0 против Астон Вила. Но, пресвртот дојде во второто полувреме кога со голот на Јанг и хет трикот потоа на Керју, Астон Вила се избори за полуфиналето со вкупен резултат 4:2.
Во саботата за полуфинале се избори Портсмут со триумфот од 2:0 во дуелот со Бирмингем, додека Фулам и Тотенхем по 0:0 на „Кревен Котиџ“ ќе играат повторен натпревар на „Вајт Харт Лејн“ на 24 март.
Во полуфиналето на 10 април играат Астон Вила – Челзи , а следниот ден победникот од дуелот меѓу Тотенхем и Фулам против Портсмут.

{loadposition content9}