Skip to main content

Пресметале кој ќе биде светски првак и финалист

Пресметале со бројки и анализи

 |  инфодеск  | 

Јужноамериканските ривали Бразил и Аргентина ќе играат во финалето на овогодишното Светско првенство, предвидува извештајот на американската инвестициска банка Goldman Sachs.

Познатата банкарска групација направила прогноза базирана на анализа од 14.000 меѓународни натпревари одиграни од 1960 година, но и со помош на низа од други статистички податоци. Се предвидува дека домаќинот на Светското првенство Бразил во финалето ќе ја победи Аргентина со 3-1 и по шести пат ќе ја освои круната.

Спрема анализата на Goldman, Бразилците имаат дури 48,5% шанси за насловот, па следи Аргентина со 14,1% и Германија со 11,4%.

“Секако, не е изненадување дека најуспешната репрезентација во историјата на фудбалот е фаворит на свој терен. Но, процентот на предност на Бразил во нашиот модел е впечатлив”, стои во извештајот кои го изработиле Jan Hatzius, главниот економист на Goldman Sachs и Sven Jari Stehn и Donnie Millar.

Бразил, спрема нивните предвидувања, на патот до финалето ќе ги елиминира Холандија, Уругвај и Германија, а Аргентина ќе биде подобра од Еквадор, Португалија и Шпанија.

Имено, пред четири години, Goldman Sachs, на ист начин го прогнозирал Бразил за прв фаворит, но тогаш со 26% шанси, а во реалноста светски првак стана Шпанија на која американската институција и дала статус на втор фаворит со 15,7% шанси за насловот.

{loadposition content9}