Претседателот на Бадминтон федерацијата на МК во посета на Охрид
Денес во просториите на ЈП Билјанини Извори се одржа работна средба помеѓу директорот Ристе Мишев и претседателот на Бадмингтон федерацијата г-дин Диме Стефановски.
Денес во просториите на ЈП Билјанини Извори се одржа работна средба помеѓу директорот Ристе Мишев и претседателот на Бадмингтон федерацијата г-дин Диме Стефановски.
Целта на состанокот беше конечната потврда за одржувањето на Балканско првенство во бадмингтон за сениори и ветерани кое ќе се одржи од 11 до 14 септември во Спортската арена Билјанини Извори.
На првенството ќе учествуваат повеќе од 200 спортисти од 10 држави од целиот Балкан така што во континуитет ЈП Билјанини Извори успева сериозно да се наметне како домаќин на спортските настани од различни спортови се со цел да го афирмираат градот Охрид а со тоа сериозно да влијаат на развојот спортскиот туризам кој е во интерес за сите граѓани на Охрид.
{loadposition content9}