©2008 - Сите права се задржани. Powered by TVM.


Москва

Продолжен притворот на кошаркарката Гринер

31-годишната Гринер би можела да се соочи со казна затвор до 10 години поради можни обвиненија за траги од канабис или масло од хашиш во електронски уред.
 |  инфодеск  | 
Бритни Гринер

Белата куќа ја обвинува Москва за „неправилно“ апсење на американската кошаркарка Бритни Гринер и назначи пратеник за заложнички прашања за случајот, откако рускиот суд пред судењето ѝ го продолжи притворот на ѕвездата на ВНБА. Гринер во февруари беше приведена на аеродромот Шереметјево во Москва.

Адвокатот на кошаркарската ѕвезда, Алескандар Бојков, изјави судот во Москва вчера ѝ одредил еден месец притвор на двократната добитничка на олимписки златен медал и ѕвезда на Феникс Меркјури и дека судот го одбил барањето за домашен притвор.

31-годишната Гринер би можела да се соочи со казна затвор до 10 години поради можни обвиненија за траги од канабис или масло од хашиш во електронски уред, наводно откриен при безбедносна проверка на аеродромот.

Како и многу кошаркарки од ВНБА кои заработуваат играјќи во Русија надвор од сезоната, Гринер игра за тимот на УММЦ во Екатеринбург од 2014 година.

Портпаролката на Стејт департментот Нед Прајс ја опиша нејзината ситуација како „исклучително тешка“ и рече дека Вашингтон внимателно го следи случајот.

Белата куќа соопшти дека рускиот систем неоправдано ја притворил кошаркарката и дека таа на случајот го назначува специјалниот претседателски пратеник за заложнички прашања, Роџер Карстенс.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© 2008 - Сите права задржани. Поддржано од ТВМ ТелевизијА.
Back to Top