Прогласени спортистите на годината
Агенцијата за млади и спорт синоќа ги прогласи стрелачката Оливера Наковска – Бикова и ракометарот Наумче Мојсоски за Спортисти на годината.
Агенцијата за млади и спорт синоќа ги прогласи стрелачката Оливера Наковска – Бикова и ракометарот Наумче Мојсоски за Спортисти на годината.
На гала свеченоста во Македонската опера и балет двете спортски ѕвезди беа избрани за големите постигнувања во 2012 година.Наковска – Бикова на Параолимписките игри во Лондон освои златен медал и собори светски рекорд, додека Мојсоски со ракометната репрезентација на ЕП во Србија го освоија 5. место, а со Металург имаа сезона за паметење во Лигата на шампионите, додека во домашното првенство ја освоија титулата.За најуспешен спортист во странство е прогласен капитенот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров, додека во фокус на ракометот беа и екипните награди, бидејќи машката и женската ракометна репрезентација се избрани за најдобри селекции.
Најуспешен млад спортист за 2012 година е кикбоксерот Димитар Ѓорѓиев, додека во женска конкуренција почестите и припаднаа на каратистката Симона Заборска.Селекторот на параолимпискиот стрелачки тим Бранимир Јовановски е прогласен за најдобар тренер. Посебни признанија за промоција на македонскиот спорт добија фудбалскиот репрезентативец Агим Ибраими, нашиот најдобар фудбалски судија Александар Ставрев, и ракометниот шампион Металург.
{loadposition content9}