Skip to main content

Проклетството на Интер

Тренерот на Интер, Андреа Страмачони ја продолжи традицијата вината за секој нов пораз да ја бара на друго место, а не кај самиот себе.

 |  Голабовски Крсте  | 
andrea stramacioni
андреа страмачони

Тренерот на Интер, Андреа Страмачони ја продолжи традицијата вината за секој нов пораз да ја бара на друго место, а не кај самиот себе.

andrea stramacioniВеднаш по непријатниот пораз од Каљари, предводникот на “нероазурите” изјави дека неговите фудбалери се проколнати.

„Уште една нова повреда. Го загубивме и Валтер Гаргано. Тимот не делуваше доволно балансирано по повредата на Гаргано. Се повреди и Нагатомо. Двајцата нема да бидат во комбинација за реванш натпреварот од 1/2 финалната рунда во Купот на Италија. Секој добар фудбалер ќе има проблеми ако покрај себе ги нема Касано и Милито. Мора да кажам дека се повторија сомнителните ситуации од минатата недела. Имаше чист црвен картон за противничкиот дефанзивец кој го фаулираше Роки. Калјари доби пенал иако немаше никаков фаул врз Пинила. Исто како и минатата недела. Како да сме проколнати. Не ми е јасно како може судијата да досуди таков пенал”, изјави Страмачони.

{loadposition content9}