Skip to main content

“Проклетството” на Арон Ремзи продолжува

Ремзи ретко постигнува голови, но кога тоа ќе го направи, умира некоја позната личност!

 |  инфодеск  | 

Фудбалерот на Арсенал, Арон Ремзи, ретко постигнува голови, но кога тоа ќе го направи некоја позната личност умира или трагично го губи животот. И во минатото се пишуваше за неговото “проклетство”, а сега тоа повторно се врати. Секако, веднаш стана хит на социјалните мрежи бидејќи кога тоа се случува тогаш станува повеќе од интересно. Тој, како и досега, не се огласил на оваа тема од почит спрема починатите и одбива да учествува во целата оваа приказна за “проклетството”.

Имено, Рeмзи вчера постигна два гола против Ливерпул (3-3), а денес почина познатиот актер Алан Рикман, најпознат по улогата на професорот Северус Снејп во серијалот Хари Потер.

Сѐ започна на 1-ви мај 2011 година кога Рамзи постигна гол против Манчестер Јунајтед, а ден подоцна беше убиен Осама Бин Ладен. Потоа постигна гол против Тотенхем, а почина Стив Џобс, потоа ја најави смртта на Муамер Ел Гадафи, Витни Хјустон, Пол Волкер, Ејми Вајнхаус, аргентинскиот диктатор Хорхе Рафаел Видел, боксерот Кен Нортон, Робин Вилијамс…и последниот случај со Алан Рикман. Навистина бизарна случајност.