Јахтинг Клуб Ohrid lake sailing организира промотивната флотила „Запознај го едрењето – Заштити го езерото“ на 26-ти август.
-Ако сакате да го запознаете светот на едрењето и да придонесете за заштита на Охридското Езеро, ова е совршена можност за вас! Настанот е отворен за сите, без разлика дали сте искусен едриличар или целосен почетник, порачуваат организаторите.
Пријавете се на линкот: https://forms.gle/itjuTWWQoSW9gshU9
–Доколку има голем интерес, едрењето може да се организира во две групи. Сите пријавени ќе добијат потврда на емаил/порака, објаснуваат од клубот ОЛС.