Skip to main content

Промовиран болирот на струја на „Рено“

Новиот Renault Spark SRT_01E e електричен тркач кој ќе се натпреварува во првата сезона на шампионатот Formula E.

 |  Голабовски Крсте  | 
bolid
болид

Новиот Renault Spark SRT_01E e електричен тркач кој ќе се натпреварува во првата сезона на шампионатот Formula E.

bolid prezentacijaОфицијалното деби, електричниот тркач на Французите го имаше денеска на Салонот за автомобили во Франкфурт. Автомобилот со звучно име SRT_01E e резултат на соработката меѓу многу партнери, а за изработката ќе биде задолжена француската фирма Spark racing technology.

Полесната шасија е направена од карбонски влакна и од алуминиум. Електричниот мотор, менувачот и електрониката ги обезбеди познатата компанија со многу успеси во Формула 1 -McLaren, додека, пак, уште еден познат бренд од светот на F1- Williams е задолжен за дизајнот и за целиот систем на батерии.

Максималната сила на автомобилот изнесува околу 200 киловати, односно 270KS, кои се испорачуваат на тркалата од задната оска.

{loadposition content9}