Skip to main content

Протече крв во Сочи

Пад од големата скокалница

 |  инфодеск  | 

Освојувачот на златниот медал на малата скокалница Полскиот скокач Камил Штох, паднал на тренингот на големата скокалница, но поминал со полесни повреди.

Добро е. Ќе биде спремен за натпреварувањето“ рекол тренерот на олимпискиот победник Лукаш Кружек.

Штох при доскокот ја изгубил рамнотежата и паднал на глава и на рака. Од носот му протекло крв, додека со завои на раката го напуштил тренингот и е однесен на понатамошни прегледи во амбулантата на Олимпиското село.

Многу полошо поминал Русинот Михаил Максимочкин, кој е пренесен на носила и морал со амбулантно возило да биде однесен во болница, каде и ја провел ноќта.