Фудбалерите на второлигашот Кротоне во петокот и теоретски обезбедија настап во Серија А следната сезона по 93 годишно постоење на клубот.
Кротоне кое го води Хрватот Иван Јуриќ благодарение на нерешениот резултат кај Модена од 1-1 од 39 коло на Серија Б го обезбедија пласмананот во Серија А на три кола пред крајот.
“Навистина е убаво ова што го доживувам и што го прославуваме сите овде во Кротоне. Сега може да се зборува за вистинска еуфорија, целиот град и регион дише заедно со нас”, изјавил Анте Будимир еден од најдобрите играчи на Кротоне.
Водечкиот состав на италијанската Серија Б сега има 78 бодови, недостижни 13 повеќе од третопласираната екипа на Трапани, кој има до крајот да одигра уште четири средби.