Прва АТП титула за Росол
Чешкиот тенисер, Лукаш Росол ја освои својата прва АТП титула во кариерата.
Чешкиот тенисер, Лукаш Росол ја освои својата прва АТП титула во кариерата, откако денеска во финалето во Букурешт славеше против Гилјермо Гарсија Лопес со 2:0 во сетови (6:3, 6:2).
Росол во овој меч кој траеше нешто повеќе од 1 час, на својот противник му препушти само 5 гејма. Со ова Чехот само ја потврди добрата форма во која се наоѓа, откако претходно на почетокот од месецов и помогна на својата земја да стигне до полуфиналето на Дејвис купот. Тој тогаш го совлада Казакстанецот, Евгени Королев.
На шпанскиот тенисер пак ова му беше прво финале по 2010 кога го освои турнирот во Тајланд. Лопес на турнирот во Букурешт ја оствари својата осма победа над играчите од топ 10, бидејќи во четвртфиналето го елиминираше првиот носител Јанко Типсаревиќ.
{loadposition content9}