Фудбалскиот шампион на Македонија, екипата на Струга Трим Лум со голот на Бесарт Ибраими славеше со 1:0 против црногорска Будуќност на стадионот Билјанини извори во Охрид.
Ова е прв триумф за струшкиот клуб во европските натпреварувања.
Иако минималниот резултат не ги става во голема предност во реваншот, сепак стружани се надеваат на пласман во следната фаза од Конференциската лига.
Победникот од двомечот Струга Трим Лум-Будуќност во третото коло од Конференциската лига игра против подобриот од дуелот ТНС – Есперанж.