Skip to main content

Конферециска лига

Прва победа на Струга Трим Лум во европските натпреварувања

Струга Трим Лум со голот на Бесарт Ибраими славеше со 1:0 против црногорска Будуќност
 |  инфодеск  | 
Струга Трим Лум

Фудбалскиот шампион на Македонија, екипата на Струга Трим Лум со голот на Бесарт Ибраими славеше со 1:0 против црногорска Будуќност на стадионот Билјанини извори во Охрид.

Ова е прв триумф за струшкиот клуб во европските натпреварувања.

Иако минималниот резултат не ги става во голема предност во реваншот, сепак стружани се надеваат на пласман во следната фаза од Конференциската лига.

Победникот од двомечот Струга Трим Лум-Будуќност во третото коло од Конференциската лига игра против подобриот од дуелот ТНС – Есперанж.