Skip to main content

Прва жртва на првиот ден од релито Дакар

„Жената почина. Имаше сериозни повреди на главата, стомакот и карлицата, а претрпе и два срцеви удари на пат до болницата.“ изјави Норберто Бруса, доктор во болницата во Рио Куарто.

 |  Голабовски Крсте  | 
reli
рели

„Жената почина. Имаше сериозни повреди на главата, стомакот и карлицата, а претрпе и два срцеви удари на пат до болницата.“ изјави Норберто Бруса, доктор во болницата во Рио Куарто.

reliЧетворица други исто така се здобија со полесни повреди и скршеници, кога возилото на Мирко Шултис и Урлих Лерди навлезе во „јавната зона“ наменета за публиката.

Шпанецот Нани Рома, победи во првата етапа која се возеше од Буенос Аирес до Кордоба  во класата автомобили со време од 2 часа 11 минути и 15 секунди а сонародникот Карлос Саинц заврши на второто место со разлика од само две минути задоцнување.  Ветеранот Стефан Патерхансел од Франција заврши на третото позиција.

Давид Косто од Франција е победник во првата етапа од релито Дакар во категоријата мотори на две тркала со време од 1 час 52 минути и 42 секунди. Сонародникот Сирил Деспре остана на второто место додека пак фаворитот Марк Кома од Шпанија заврши на третото место.

Во категоријата мотори на четири тркала победник е Маркос Патронели од Аргентина со време од 2 часа 10 минути и 44 секунди, пред Џосеф Мачакек од Чешка и Алехандро Патронели од Аргентина.

Во класата камиони најдобро време остварија  руското трио составено од Чагин, Савостин и Николаев од Русија за тимот на Камаз  со време од 2.35.47 пред Лопраис Холан и Јарослав од Татра, руското трио на третото место исто така од Кордоба до Ла Риоха во Аргентина.

{loadposition content9}