Пукна ли тиквата меѓу Батон и Бренсон?
Возачот на Браун ГП помислил дека милијардерот флертува со неговата девојка вечерта пред трката во Мелбурн.
Ричард Бренсон
Возачот на Браун ГП помислил дека милијардерот флертува со неговата девојка вечерта пред трката во Мелбурн.
Водечкиот во Светскиот шампионат во Формула 1, Џенсон Батон, имал жешка расправија со Ричард Бренсон мислејќи дека милијардерот и главен спонзор на Браун ГП ја заведува неговата девојка, супермоделот Џесика Мичибата, пишува „Њуз оф д ворлд“. Женетиот Бренсон (58), сопственик на „Вирџин“, отворено флертувал со 24-годишната Мичибата, тврди весникот.
„Беше очигледно дека Ричард е многу, многу пијан и и’ обрна големо внимание на Џесика во текот на вечерта. Но, тоа беше недоразбирање и Џенсон се налути“, изјавил за таблоидот еден од присутните на вечерата. „Целата ситуација стана многу, многу жешка. Ричард мислеше дека Џенсон претерал со реакцијата и му врати со иста мерка. Обајцата потоа си отидоа“.
Инцидентот се случил во ресторан во Мелбурн, еден ден откако Бренсон го објави договорот за спонзорство на тимот на Батон. Англискиот возач претходно се избори за пол-позицијата за првата трка во сезоната, а следниот ден ја освои Големата награда на Австралија.
„Ова се случи пред Батон и Браун ГП да победат во Австралија и во Малезија, кога тие беа тим практично без тестирања и кој бара спонзори“, додава анонимниот извор. „Според тоа, Џенсон се најде во сериозна опасност да загуби во очите на Бренсон. Но, од следниот ден работите се подобрија“.

{loadposition content9}