Рафа повторно помеѓу најдобрите пет на АTP листата
Рафаел Надал по освојувањето на Мастерсот во Рим напредуваше една позиција на АТП листата и повторно е во друштво на најдобри четири тенисери.
Рафаел Надал по освојувањето на Мастерсот во Рим напредуваше една позиција на АТП листата и повторно е во друштво на најдобри четири тенисери.
Тој на оваа позиција го замени неговиот сонародник Давид Ферер кој сега е петти. Убедливо прв и понатаму е Новак Ѓоковиќ кој има 12.310 поени, а на втората и третата позиција се Енди Мари и Рожер Федерер.
Втората половина од топ 10 тенисери ја комплетираат Томас Бердих, Хуан Мартин Дел Потро, Жо Вифред Цонга, Ришард Гаске и Јанко Типсаревиќ.
Најголем скок на најновата АТП листа забележа Дуди Села кој напредуваше 22 позиции и сега е 88. Изненадувањето пак на Мастерсот во Рим, полуфиналистот Беноа Пер забележа скок од 10 места и сега е 26 тенисер во светот.
АТП Топ 10 листа:
1.Новак Ѓоковиќ 12310
2. Енди Мари 8670
3. Рожер Федерер 8000
4.Рафаел Надал 6895
5.Давид Ферер 6740
{loadposition content9}