Рафа прв во Рио
Шпанскиот тенисер Рафаел Надал го освои турнирот во Рио де Жанеиро со победата во финалето над украинецот Александар Долгополов.
Шпанскиот тенисер Рафаел Надал го освои турнирот во Рио де Жанеиро со победата во финалето над украинецот Александар Долгополов.
Надал славеше во два сета со 6:3, 7:6 по нешто повеќе од 100 минути игра и сосема заслужено стигна до својата 62-ра титула во кариерата.
Шпанецот со ова ја продолжи низата во најглемата јужноамериканска земја во која никогаш до сега не е поразен. Надал од стартот наметна свој ритам и многу брзо стигна до брејк, кој го чуваше до крајот на првиот сет.
Првиот тенисер во светот можеше и порано да стигне до титулата, бидејќи имаше предност во вториот сет, но украинецот се врати. Сепак, Надал подобро одигра во тај брејкот и стигна до победа. Турнирот во Рио де Жанеиро се играше за награден фонд од 1 милион и 210 илјади долари.
{loadposition content9}