Ракометарите од Охрид 2011 нестрпливо ја чекаат втората полусезона
Наскоро започнува втората полусезона во Првата машка ракометна лига. Нашиот возобновен ракометен клуб Охрид 2011, ги прави последните подготовки пред продолжението на сезоната. Шансите за финиш во врвот на табелата и натаму отворени за нашиот претставник.
| Мишел Наумоски | Спорт
ракомет
Охридскиот спорт се чини како да се разбудил по долга хибернација. После години тапкање во место, едно утро Охриѓани се разбудија со ракометен клуб во врвот на првата ракометна лига и на чекор од македонската Супер лига. Возобновениот ракометен клуб Охрид 2011 ги врати нашите надежи дека и ние ќе имаме свој претставник во Супер лигата. Очигледно овие момци напорно работеле за да стигнат онаму каде што се наоѓаат во моментот.
„Чувството е прекрасно можам да кажам, не само моето лично туку и на сите оние ентузијасти кои се нафатија заедно со мене да го формираме овој клуб. Имаме многу потешкотии. Најголем дел од тие потешкотии ни се поради недоволно финансиски средства, но со некои максимални напори успеваме да обезбедиме минимални средства.“-вели поп Стефанија.-рече Атанас поп Стефанија-Претседател на РК Охрид 2011.
„Се надеваме дека во иднина ќе можеме да обезбедиме начин на самоодржување на ракометниот клуб за да не ни се случуваат приказните од претходно кога имавме ракометен клуб па дојдоа играчи од други градови кои многу чинеа, многу се плаќаа, па после две години клубот да пропадне. Нашата цел е да имаме ракометен клуб со охридски играчи, имаме добра младинска школа која во иднина ќе може да ги замени тие играчи кои играат сега.“-додава поп Стефанија.
Охриѓани во моментов активно се подготвуваат за почетокот на втората полусезона. Веќе три недели тие кондиционо се подготвуваат, а наскоро започнуваат и со технички и тактички подготовки. На 25ти овој месец Охриѓани на домашен терен ќе играат во дербито против екипата на Струга, во рамките на Купот на Македонија. На 4ти март пак, на гости во Охрид доаѓа токму екипата на Пелистер Јуниор со кого го делат третото место со по 24 бода. Со овој натпревар, официјално ќе започне втората полусезона во Првата ракометна лига на Македонија. Имено, Охрид 2011 досега има 8 победи и 4 порази, со скор од 316 постигнати и 261 примени голови.
Да им посакаме успех на нашите момци во остатокот од сезоната.
{loadposition content9}