Градоначалникот на Општина Охрид распишува јавен повик за распоредување на буџетските средства од Програмата за спорт и рекреација од буџетот на општина Охрид за 2024 година за финансирање програми од спортски клубови, спортски здруженија, спортски манифестации, спортисти и други правни лица од областа на спортот на територијата на општина Охрид, со што општина Охрид ја изразува својата подготвеност за поддршка и развој на спортот.
Пријавите за овој повик треба да се достават заклучно со 25.01.2024 година до 14.00 часот.
Детални насоки за подготовка на Јавниот повик, изборот на комисијата, правилникот за избор, критериумите за евалуација на пријавите и одлуката по истиот можете да најдете на веб-страницата на Општина Охрид, www.ohrid.gov.mk.